Утрински Весник
Спорт

Две финалиња и една бронза за македонските каратисти по првиот ден на европската Универзијада

20240717075301 Big 730x400 78.webp.webp

Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Мишколц, Унгарија има забележителни резултати.

Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг).

Стефан Стојанович загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал, со минимални резултати 1-1, поради правило на  прв земен поен и го оствари пласманот на петто место.

Во финалето, Заборски ќе има борба со Тим Штеинер од Германија, додека Божовиќ ќе се соочи со Словакот Томас Коса.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ