Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, температурата до 42 степени

Toplo.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува десет.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во следните денови и понатаму ќе биде претежно сончево и многу топло со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. До крајот на работната седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње