Утрински Весник
Македонија

На автобуска во Охрид уапсен е уценувач кој барал 300 евра

Uploads Thumbs Resize 800x420 343521.jpg

Охридската полиција денеска на Меѓуградската автобуска станица во градот го уапсиле Б.П.(37) од Охрид, постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“ по член 259 и член 258 од Кривичниот законик.

„Имено, на автобуската станица тој ја подигнал пратката наменета за него во која имало 300 евра во апоени од по 50 евра, кои претходно биле криминалистичко – технички обработени по наредба на ОЈО Кочани. По претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Охрид, извршен е претрес врз лицето, при што се пронајдени банкнотите.
Исто така, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол