Утрински Весник
Македонија

Му дал автомобил како компензација за мебел од 3.500 евра: Останал без двете, возилото завршило во отпад

1720519194 Policija 1.webp.webp

На 15.07.2024 во СВР Тетово, 35 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.А. од тетовски Порој и Ф.С.(30) од тетовско Ларце.

-Според пријавеното, во мај 2022 година тој се договорил со А.А. да му направи мебел за куќата во вредност од 3500 евра, а како компензација му го дал неговото возило „фолксваген голф“, кое ќе му го префрли на негово име откако А.А. ќе го направи и испорача мебелот. Како што е пријавено, до денот на пријавување А.А. не го направил мебелот и не му го вратил возилото, туку возилото го продал на авто плацот на Ф.С., кој пак го продал во отпад, информираат од СВР Тетово.

Ф.С. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани