Утрински Весник
Свет

Фицо: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до директен конфликт меѓу Алијансата и Русија

20240716102155 Big 730x400 71.webp.webp

Потенцијалниот влез на Украина во Северноатлантската алијанса може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Ние постојано се придржуваме до еден од главните принципи на суверената словачка надворешна политика, според која членството на Украина во НАТО го загрозува мирот во целиот свет. Постојат воинствени земји од НАТО кои или воопшто не разбираат што би значело членството на Украина во Алијансата или, напротив, сакаат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија, што би било почеток на третата светска војна“, изјави Фицо.

Како што пренесува телевизијата ТАЗ, тој истакна дека тие земји инсистирале дека резолуцијата на самитот на НАТО ја одразува директната обврска на Алијансата да ја прифати Украина, што би било неприфатливо за Словачка.

Фицо ја поздрави и одлуката на самитот на НАТО, според која Киев може да очекува прием во Алијансата дури откако ќе ги исполни сите услови и ќе добие согласност од сите членки на Алијансата.

Самитот на НАТО се одржа во Вашингтон од 9 до 11 јули.

Можете да прочитате

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“