Утрински Весник
Балкан

Стапалата и дланките на детето му ги ставал на врел шпорет: Семејно насилство во Белград

Policija Srbija 1.jpg

Насилникот И.А. (40) го претепал неговиот син со раце и нозе во стан во Белград, а потоа му ги ставил стапалата и дланките на врел шпорет.

Осомничениот се товари за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.

Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало гребнатинки и модринки.

Но, при прегледот лекарите констатирале дека има изгореници и на дланките и стапалата.

За се е известено обвинителството и Центарот за социјална работа во Белград.

Момчето според написите, се уште е во тешка состојба.

Можете да прочитате

Европската комисија покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит

Во силното невреме во Словенија оштетени над 150 објекти, најпогодена Коменда

Бериша соопшти дека САД го избришале од листата на „непожелни лица“ на која беше ставен пред пет години