Утрински Весник
Македонија

Поради активен пожар, од синоќа пренасочен патен правец Прилеп-Ресен

20240716074438 Big 730x400 85.webp.webp

Од 22.54 часот на обиколницата Битола, патен правец Прилеп-Ресен се пренасочува сообраќајот низ градот Битола. Причина активен пожар.

Од 16:15 часот на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради безбедност на учесниците во сообраќајот. Причина е активен пожар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството, ќе сториме сè кандидатите кои сакаат, да полагаат правосуден испит на својот јазик

Дете повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност и прибавување имотна корист, пресудата на 5 мај