Утрински Весник
Македонија

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Zabrana.png
Dik 300x250 mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми”, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми”, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми”, за подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Можете да прочитате

По расправија за сообраќајка на Бит Пазар повреден е скопјанец со остар предмет

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“