Утрински Весник
Македонија

Проштална средба Муцунски – Норман

07ba3041 7751 4db0 81bd 301a9d915129.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Канада, Џајлс Норман.

Муцунски изрази благодарност за целокупната работа на Амбасадорот, нагласувајќи дека со неговиот ангажман и континуираните заложби до висока степен придонел за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Канада.

На средбата стана збор и за сојузништвото во рамки на НАТО, особено по успешниот Самит на Алијансата во Вашингтон, истакнувајќи ги споделените определби на двете земји за зајакнување на трансатлантската стабилност во пресрет на актуелните безбедносни предизвици. Воедно, го поздравија нашето учество во Зајакнатото истурено присуство во Латвија, како дел од словенечкиот контингент, каде рамковна нација е Канада. На тој начин, заеднички придонесуваме за зајакнување на Источното крило на Алијансата, во време кога тоа е најпотребно.

Исто така, стана збор за нашиот евроинтегративен процес, при што беше изразена безрезервната канадска поддршка на тој пат. Дополнително, беше поздравена и соработката во рамки на меѓународните организации и заложбите за нејзино продлабочување во периодот што следи.

Соговорниците се осврнаа и на регионалните состојби, како и актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер.

Можете да прочитате

Кулеба: Османи е човек кој заслужува доверба – тоа го научив во најтешките моменти на војната

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите повторно ќе паѓаат!

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ