Утрински Весник
Свет

Сомалија: Најмалку пет жртви во експлозија на автомобил-бомба

20240715081708 Big 730x400 10.webp.webp

Најмалку пет лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на автомобил-бомба пред кафуле во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавија локалните медиуми.

Нападот се случил синоќа кога пред кафулето имало голем број луѓе кои го гледале телевизискиот пренос од финалето на Европското фудбалско првенство.

Медиумите јавуваат дека бомбата пред кафулето најверојатно била поставена од членови на радикалната исламистичка група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда и одговорна за бројни напади во Сомалија.

Можете да прочитате

Иран: Пукавме кон американски разорувач

Нападната рафинерија во Емиратите – 24info.mk

Макрон: Иран и САД заедно да го отворат Ормускиот теснец, Франција не учествува во „Проектот Слобода“