Утрински Весник
Свет

Човекот кој загина на митингот на Трамп го заштитил своето семејство од куршумите

20240715070325 Big 730x400 62.webp.webp

Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.

Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство да го заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.

-Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе.

Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.

Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette.

Можете да прочитате

Силва: Светот нема потреба од император

Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли