Утрински Весник
Економија

Светска банка го поздрави нашето барање за пристапување во Единствената област за плаќање во евра

20240714110824 Big 730x400 5.webp.webp

Имплементирањето на европската регулатива во платежната сфера и поднесувањето на барањето за пристапување во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) е значен чекор и дел од процесот на патот на земјата во Европската Унија. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, што се одржа на маргините на Годишниот состанок на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, на која ѝ припаѓа нашата земја, а кој се одржа во Кишињев, Молдавија.

Потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Басани ги поздрави реформските активности на Народната банка и истакна дека Светската банка ќе продолжи со поддршка на истите.

На средбата гувернерката Ангеловска – Бежоска ја потенцира важноста на  техничката поддршка од Светската банка за подготовка на нашата земја за исполнување на условите за пристапување во СЕПА со цел интеграција во европската платежна инфраструктура и зголемување на сигурноста и ефикасноста на прекуграничните плаќања во евра, а со тоа и поголема трговска и финансиска соработка со земјите од СЕПА.

На средбите помеѓу гувернерката Ангеловска – Бежоска и Басани беа разгледани повеќе проекти коишто Народната банка ги реализира со поддршка од Светската банка со цел дополнително јакнење на капацитетите на земјата и централната банка во повеќе области, како што се техничката помош за натамошно унапредување на анализите на финансиската стабилност, пред сè во доменот на  климатските ризици. Светската банка ни дава поддршка и во подготовката на подзаконската регулатива за Законот за решавање банки, а обезбедува и поддршка за  централната банка во развивањето на методологијата за стрес-тестирање од климатските ризици.

Можете да прочитате

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието