Утрински Весник
Македонија

Поради пожарот исклучени двата далноводи на потегот Пепелиште – Лакавица

Pozar Serta Dalnovod Mepso .jpg

Двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.

Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400 КВ далекувод ТС Дуброво – ТС Штип 1 и 110 КВ далекувод ТС Дуброво – ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија“, се наведува во информацијата од АД МЕПСО.

Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси.

Можете да прочитате

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум