Утрински Весник
Македонија

До крајот на следната работна недела портокалова фаза, еве од кога ќе има заладување

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Денес во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а промена на временската состојба се очекува дури од петок.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 35 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје слично време со минимална температура до 19, а максимална до 40 степени.

Можете да прочитате

МВР и Црвен крст со совет: Високите температури се ризик, возете одморени

Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале