Утрински Весник
Македонија

Пожар на четири места на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно човечки фактор

Pozar 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Нашите пожарникари од рано утринава се на терен и интервенираа на четири локации. Благодарение на брзата интервенција пожарите се локализирани и изгаснати. Според првичните информации, човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на четирите места на висорамнината. Се работи на терен за утврдување на точниот причинител, истовремено се контролира целиот терен, нагласуваат од Противпожарната единица.

Оттаму упатуваат апел за внимателност до сите, со цел превентивно да се влијае и да се спречи појавата на пожари. Особено во услови на многу топло време.

Можете да прочитате

Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Сакал да згази полицаец па заврши во затвор – Кавадарчанец осуден на една година

За новогодишната ноќ врнежи од снег особено во западните предели