Утрински Весник
Македонија

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)

07032017150827 Web Ujp.jpg

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето се извршува во готово, должни се да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема (фискални каси) и да издаваат фискални сметки.

Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се однесува на:
• даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите;
• лицата кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите;
• физичките лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор;
• лицата кои вршат дејност во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места со исклучок на туристички места;
• лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија;
• колпортерска продажба;
• лицата кои вршат улична продажба на лозовите што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот инстант лотарија, како и на картичките што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот томбола;
• лицата кои извршуваат континуиран промет, за кои издаваат сметки и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго) ;
• продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и книжни пари.

Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација, посебно за времетраењето на летните манифестации кои се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, концерти, плажи, паркинг простори и друго.

Корисни информации
• За повеќе информации контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000 или во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.
• Брошура за фискализација и регистрирање на готовинските плаќања http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0844/ISBN-978-608-4592-93-8_Fiskalizacija_i_registriranje_na_gotovinski_plakanja_24.01.2018.pdf

Можете да прочитате

Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат 

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат” на Малата сцена во МОБ

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики