Утрински Весник
Македонија

Таравари го посети семејството на повреденото дете: Ќе има мерки против несоодветно постапување

Img 0539.jpeg

Министерот за здравство вечерва заедно со директорот на Детската клиника тргна и лично да се сретне со семејството на детето. Оттаму потврди дека детето е повредено и оти има модринки по рацете. Уште еднаш повтори ќе се преземат мерки против секој кој постапил несоодветно со детето.

„Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите“, изјави Таравари од пред семејниот дом на тримесечното бебе.

Случајот со тримесечното бебе кое било нападнато од персоналот на Клиниката за детски болести го објави порталот „Икс“. Родителите на бебето, како што објави медиумот, се сомневаат оти ова се случило како последица на вербален конфликт кој го имале со медицинските сестри за време на приемот. Сестрите биле нервозни бидејќи мајката и бабата на бебето не знаеле да комуницираат на македонски јазик.

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините