Утрински Весник
Свет

Страшно невреме ја зафати Словенија: Падна град во големина на топче за голф

1720802693 450963007 971197808349016 1109705912300235149 N 750x1000 1.jpg

Делови од Словенија беа зафатени од силно невреме, пропратено со врнежи од дожд, налети на ветер, а на места падна и град со големина на орев. Поради невремето издадено е портокалово метео предупредување за североисточна и централна Словенија, пишува 24 часа.

Покрај силниот ветер и врнежите, невремето повторно донесе и силен град во Словенија со големина на топче за голф. И метеоролозите се изненадени, стои во написите.

„Внимание! Силно невреме со силен град се формира во централниот дел на земјава! За време на невремето можни се силни налети на ветер и врнежи. Ниту еден метеоролошки модел не го предвиде ова“, соопшти словенечката агенција за животна средина (Арсо), според Neurje.si, пренесува Индекс.

Жителите на Словенија на социјалните мрежи објавија фотографии од град со големина на топче за голф, а некои топчиња беа со дијаметар од дури шест сантиметри.

Првиот систем на бура се формираше над границата Фриули-Јулиа и се движеше кон западот на земјата, а во меѓувреме ослабна. Вториот е формиран над централна Словенија и се движи кон исток.

Метеорологот Лука Равник за 24часа вели дека на места се уште може да има посилни налети на ветер.

Покрај портокаловото предупредување поради невреме за делови од Словенија, предупредување е издадено и за целата земја поради екстремни горештини.

Во делови од земјата проблеми предизвикува и невремето, а поради врнежите можна е голема количина на вода на патиштата. Се повикуваат возачите во Словенија да возат внимателно и да не застануваат под надвозници и во тунели, пренесуваат локалните медиуми.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња