Утрински Весник
Македонија

Др. Чибишев: За „црната вдовица“ граѓаните да бидат претпазливи периодов

Fb Img 1720790076978.jpg

Со порака, преку својот фeјзбук профил, директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, д-р Андон Чибишев ѝ се обрати на јавноста.

Тој упати апел до граѓаните да бидат претпазливи периодов, затоа што под нашето поднебје живеат опасни инсекти, змии и влекачи кои не останаа скриени ниту од очите на граѓаните.

Граѓаните се уплашени, а нивото на паника се зголеми откако пациент каснат од пајакот, познат под името ,,црна вдовица”, беше примен во болницата во Струмица, а потоа транспортиран на клиниката во Скопје.

,,Сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот. Колеги, браво” – напиша Чибишев во објавата на неговиот фејзбук профил.

Ѝ ако се работи за инсект кој има потенцијал да го наруши здравјето и животот, не е пожелно да се крева паника.

,, Временските услови овие денови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни а можеби и поагрсиевни. Исто така, добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии – изјави д-р Андон Чибишев.

Пајаците од ова потекло, не се застапени само на Балканот, туку ги има на сите континенти во светот, освен на Антартикот. Карактеристични се по застапеноста на отровот кој го содржат, а и по нивниот посебен изглед. Каснувањето од овој пајак се карактеризира со силна болка и пренесување на невропаралитички отров кој може да биде опасен по живот.

Црната водвица застапена на Балканот е позната уште како медитеранска црна вдовица бидејќи главно се наоѓа и е застапена во медитеранскиот регион и преферира сува и топла клима, додека американската и австралиската преферираат урбани и рурални средини. Балканската црна вдовица има црн стомак со 13 црвени точки, американската има црн стомак со црвени шеми во форма на песочен часовник, додека австралиската црвен песочен часовник на долната страна на стомакот и црвена лента на горната страна.

Ќе ги разликуваме по бојата. Обично женските пајаци од овој вид се црни со црвена или портокалова боја на долната страна од стомакот, додека мажјаците имаат кафеави тонови, а ознаките не им се толку изразени. Топлите клими и жештините се погодни услоби за живот и го овозможуваат доселувањето на црната вдовица, а најчесто се застапени и им се погодини за живот гаражите, визбите, тоалетите и некои други понеуредни простории. При каснување од овој инсект може да забележите локални и системски симптоми. Локалните симптоми вклучуваат болка, оток и црвенило, додека системските, гушење, потење, промени во дишењето и мускулни грчеви.

Со помош на новите технологии во медицината олеснет е процесот на превенција и закрепнување при каснувањата од овој вид на пајак, затоа нема простор за паника, но сепак препорачлива е голема претпазливост, особено во потемните и понеуредните простори.

Ризикот од средба со овие инсекти ќе го намалиме доколку ги одржуваме домовите, визбите и гаражите чисти и уредни, редовно ја отстрануваме пајажината и повремено проверуме што се крие зад мебелот, апаратите и другите предмети. Отстранувањето на насобрани материјали, како на пример, картони и дрва, од темни и влажни места, осветлувањето на темните простории и затворањето на влезовите исто така би го намалиле ризикот од појава на пајакот црна вдовица.

Освен на пајаците во периодот на екстремно високи температури треба да внимаваме и на шкорпиите, осите, комарците, гасениците, крлежите и стршените кои исто така знаат да бидат опасни и да предизвикаат несакани реакции.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон