Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025

Naslovna Foto.jpeg

Факултетот за земјоделски науки и храна – ФЗНХ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фондацијата МК2025 и Центарот за дигитална трансформација „Го Дигитал“ потпишаа Меморандум за соработка во делот на едукацијата, образовниот процес, зајакнување на соработката со бизнис заедницата, размена на искуства, знаења и вмрежување.  

Меморандумот за соработка ги опфаќа и можностите за стипендирање на студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на сите студиските програми на УКИМ, меѓу кои и оние што ќе се одлучат за новата студиска програма по Дигитално земјоделство на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), достапна за упис од оваа академска година.  Стипендиите, во висина од 2.500 американски долари годишно, се обезбедени преку посебна соработка со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и Фондацијата MK2025.

„Овој Меморандум претставува важен чекор во нашата мисија да обезбедиме квалитетно образование и да ги поддржиме нашите студенти во нивниот академски развој. Наша цел е да создадеме услови во кои секој студент ќе има можност да го достигне својот полн потенцијал, без да биде ограничен од финансиските предизвици. Земјоделството е од суштинско значење за нашата економија и општество и сме посветени на тоа да ги поддржиме нашите студенти да станат водечки професионалци во оваа област. Потпишувањето на меморандумот е почеток на многу иницијативи кои ќе следат, насочени кон обезбедување подобри услови за нашите студенти“, вели професор д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ – Скопје.

Дополнително, од Македонија 2025 и Го Дигитал истакнуваат дека „Оваа соработка е од клучно значење за развојот на дигиталната трансформација во земјоделскиот сектор и за поттикнување на младите да го искористат својот потенцијал. Преку ова партнерство, ќе обезбедиме  поддршка за студентите, кои во иднина ќе можат да придонесат кон иновации и економски напредок,“ изјави Никица Мојсоска – Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Го Дигитал.

Идните студенти може да ја поднесат документацијата за стипендија преку E-scholarships платформата на Македонија 2025.

Линк до платформата:

https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home)

Линк до подетални информации за условите за апликација:

https://macedonia2025.com/otvoren-povik-za-dodeluvanje-40-stipendii-studenti

Контакт лице: Тодор Стојчевски 071/257 181

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје