Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНДОВ ЕКСТРЕМНО ТОПЛО НАСЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе се искачат до 43 степени

Ecmopeu00 48 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски

Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде  и Ув индексот со вредност 10.

Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине  и 40 степени. Тука се  и тропските ноќи и тоа особено во централните  и во југоисточните предели каде  и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во недела попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на краткотрајно невреме.

Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње