Утрински Весник
Македонија

Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија

20240712082201 Big 730x400 53.webp.webp

Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

-Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух, објави Ангелов.

Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен, во граничниот појас со Бугарија.

Според информациите од ТППЕ Струмица, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.

На бугарската страна од границата, на нивна територија, веќе со градежна машина се прави пристапен пат по којшто би можело да се движи теренско противпожарно возило за да го гасне пожарот. 

Можете да прочитате

Неколку пожари намерно подметнати, ветерот прави дополнителни проблеми, апел од Ангелов – да не се палат стрништа и пасишта

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени