Утрински Весник
Македонија

Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, нема опасност за населби и инфраструктура

20240711092256 Big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генерално, нема опасност за населби и инфраструктура од големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, со опсег од десетина километри, гаснењето продолжува, информираа утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот, а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“, појаснија од Центарот.

Во раните утрински часови, се дејствувало врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ – Неготино и јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население.

– Опасниот крак од пожарот што ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што, не постои повеќе опасност од пожарот за двете села, истакнаа од ЦУК.

При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР, било одлучено хеликоптер на МВР, утрово, да дејствува на теренот каде што е пожарот во правец од село Војшанци, кон сртот на планината Серта, за да не префрли пожарот кон Конечка Планина. Таму има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.

– Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие екипи, заедно и со дел од мештаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола. Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на општина Неготино, ќе ги побара од соседните општини, соопштија од ЦУК.

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи денеска околу 12 часот во гаснење на пожарот.

– Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава), споделија од Центарот.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе