Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожарот се наближува до куќите на селото

J7awr .jpg
Dik 300x250 mk

Од доцна попладне пожарникарите се борат со нов пожар кај село Грнчиште, Општина Градско, што е блиску до куќите на селото, каде што гори сува трева нискостеблеста вегетација.

Општината побара помош, бидејќи немала ниту ПП сили ниту ресурси. Притоа, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, иако се и на гаснење на други пожари, кога го ставија под контрола пожарот кај с. Оризари отидоа на помош. Пожарникарите од Велес, со едно ПП возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен дејствуваат врз пожарот и го бранат селото.

Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти. Инаку, заради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка. Другите ПП единици во тој дел од државата се ангажирани на други пожари на отворено, а во тој реон најмногу се ангажирани за гаснење на големиот пожар кај с. Пепелиште.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!