Утрински Весник
Македонија

Со градски воз министерот Николовски ќе го намалува сообраќајниот хаос во Скопје

Nikolovski.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Покрај изградбата на автопати и железнички пруги низ кои ќе минуваат најголем број товарни возови и најмногу патници, во приоритетите на министерот за транспорт и врски Александар Николоски е и градски воз во Скопје. Набројувајќи ги проектите на кои ќе работи тој денес најави дека сообраќајниот хаос во Скопје ќе го решава со градски воз, како негов личен проект.

„Тука е секако можам да кажам и мојот личен проект, кој што се надевам дека в година ќе може да го видите сите, за градски воз. Да може во Скопје колку толку да го решиме сообраќајниот хаос кој што секако после локалните избори со еден тим во Градот Скопје со кој ќе може да соработуваме, можеме да го надградуваме и со поефикасен јавен транспорт“, рече министерот Николоски.

Неговата замисла, според досегашните изјави во медиумите, е да се искористи постојната железничка инфраструктура во Скопје како и постојните возови за граѓаните од населбите кои се подалеку да имаат можност и на ваков начин да стигнат до центарот на градот.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Божиќ по Грегоријанскиот календар

Околу Нова година доаѓа вистинска зима со доста снег

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари