Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник, од вработен на бензинска пумпа одзел пари и мобилен

No .webp.webp

Денеска (10.07.2024) во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.

Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво”. 

Можете да прочитате

Николоски: Градежништвото и транспортот растат, крупните проекти одлично се работат

СДСМ: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања, оставка од Трипуновски

Стоилковиќ: Мојата ќерка магистрираше на престижната академија „Сколково“ во Москва