Утрински Весник
Македонија

Продолжува периодот на многу топло време, наместа над 40 степени

Toplo.webp.webp

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло попладне со мала до умерена локална  облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со максимална температура до 39 степени.

Како што најавува УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време и во наредните денови, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. 

Можете да прочитате

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски

Расправија во сообраќајот завршила со тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров