Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе се искачат над 40 степени – Сепак постои можност и за невреме

Img 0431.png

Метео анализа на Славчо Попоски

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до 40 степени.

Не се исклучува можноста температурата локално во централните и во југоисточните предели да надмине и 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Времето и понатаму ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Денес (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава.

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје