Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Сајбер безбедноста мора да биде приоритет

Img 4631.jpeg

На вечерашното телевизиско гостување на МРТ, Министерот за дигитална трансформација изјави дека во неговиот мандат како Министер, сајбер безбедноста ќе биде еден од приоритетите на новото министерство за дигитална трансформација.

“Нашиот фокус мора да биде сајбер безбедноста за да гарантираме доверба во ИТ системите. За сајбер стратегијата е потребна експертска работна група од сите релевантни институции која ќе го интегрира законот за безбедност на мрежи. До Септември би требало да имаме нацрт верзија за таа стратегија, а со тоа и формирање на сектор за сајбер безбедност во рамки на министерството кој ќе раководи со овие процеси”, истакна Андоновски.

Андоновски додаде дека во минатото државата имаше доста проблеми со сајбер безбедноста.

“Сведоци бевме пред 2 години кога имавме “паднати” софтвери, нефункционални системи, дојави за бомби, проток на лични податоци на граѓаните по социјалните медиуми, поради ова, поучени од минатото, ставаме акцент на сајбер безбедноста за да ги заштитиме граѓаните, а со тоа и нивните лични податоци. Ќе се формираат стручни тимови, со кои ќе раководат професионалци ” , потенцираше Андоновски.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје