Утрински Весник
Балкан

Температури над 40 степени – Топлотен бран на Балканот, во Албанија и Србија рекордни

Zesko Vreme 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Нов топлотен бран го зафати Балканот во понеделникот, три недели откако претходниот бран предизвика прекин на електричната мрежа во неколку земји во регионот.

Во Албанија, каде што температурите надминуваат 40 Целзиусови степени, владата утринава предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.

Во Србија хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денеска предупреди на силен топлотен бран прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во градските средини. Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата.

Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце.

„УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредија властите апелирајќи до возачите да бидат внимателни.

За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.

Можете да прочитате

Објавена снимка од двојното пукање во Косово – осомничениот со две пушки пукал кон возило

Косово стана член на Европскиот економски и социјален комитет

Албански државјанин сакал да изнесе 700.000 евра во кеш од Хрватска