Утрински Весник
Македонија

Мицкоски пред самитот на НАТО на средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора

20240708092610 Big 730x400 20.webp.webp

Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите за одбрана, за надворешни работи и трговија и за внатрешни работи, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски се во официјална посета на САД.

Во следните неколку дена во Вашингтон тие ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО, а предивдени се и повеќе средби со државници, бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората.

Можете да прочитате

Одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Муртезани во Собранието: Европската интеграција бара континуитет, зрелост и јасна политичка волја

Панче Тошковски опериран во „Мајка Тереза“ – стабилен е и се опоравува