Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, максималната температура до 38 степени

Soncevo Park Luge.webp.webp

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од УХМР соопштуваат дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Можете да прочитате

Личните предмети на загинатите и повредените во „Пулс“ ќе се враќаат на семејствата

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа