Според истражувањето кое беше спроведено врз јавното мислење пред претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, во однос на трошоците кои државата ги има во однос на одбраната, граѓаните во Северна Македонија се изјаснија дека државата треба да вложи повеќе во одбраната, односно во проценти 32 од анктетираните, 29% сметаат дека државата треба да ги задржи сегашните нивоа на трошоци, 27% сметаат дека треба да ги намали трошоците и со најмал процент од 12% се огласија дека не знаат што да одговорат по повод ова прашање.
На прашањето пак, дали граѓаните се согласуваат државата да продолжи да дава поддршка за Украина, во однос на војната на Русија против Украина, најголем број одговориле дека не се согласуваат, во проценти 29, 28% одговориле дека донекаде се согласуваат, 22% дека донекаде не се согласуваат, 13% одговориле дека потполно се согласуваат и најмал процент, односно 8% од анкетираните не знаеле да дадат одговор по ова прашање.