Утрински Весник
Свет

Норвешки велосипедист загина на Трката низ Австрија

20240706174002 Big 730x400 88.webp.webp

Норвешкиот велосипедист Андре Дреге го загуби животот за време на денешната кралска етапа на трката низ Австрија, јавија локалните медиуми.

Според организаторите, 25-годишникот велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите.

Сè уште не се познати деталите за несреќата. Познато е само дека Дреге бил во водечката група, а сè уште не е јасно дали трката ќе продолжи в недела.

Претпоследната етапа ја освои Италијанецот Филипо Гана (Инеос Гренадиерс), но церемонијата на победата беше откажана поради трагичниот настан.

Дреге е првиот велосипедист кој загина на трка по Швајцарецот Џино Медер, кој го загуби животот на „Тур де Свис“ во јуни 2023 година.

Ова не е прва несреќа на трката околу Австрија. Во 1962 година трката остана во сенка на смртта на Антон Фриш, а единаесет години подоцна Австралиецот Греам Хозе се здоби со тешки повреди на главата кога падна додека се спушташе по преминот Арлберг.

Можете да прочитате

Поранешен амбасадор во САД: Нетанјаху го зајакнуваше Хамас преку Катар

Киев: Документирани докази дека Русија ликвидирала 93 украински војници кои се предале

Зеленски ќе го претстави „планот за победа“ на лидерската средба во Рамштајн на 12 октомври