Утрински Весник
Балкан

Српската полиција открила 12 килограми марихуана во возило кое влегло од Северна Македонија

20240706104956 Big 730x400 79.webp.webp

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за гранична полиција и Полициската управа во Врање откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Северна Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана, соопшти МВР на Србија.

Во истрагата се вклучени дежурен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање и полициски службеници.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Можете да прочитате

Новинарка од Србија пронајдена мртва во Марсеј

Грција: Четири деца се затруле од гас, едно од нив починало

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици