Утрински Весник
Македонија

Филипче оддаде почит за ликот и делото на Глигоров: Нема успешна иднина без почитување на историјата

449754151 1028280481996777 204038406623004491 N.jpg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Претседателот Венко Филипче денеска оддаде почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, заедно со неговата ќерка Донка Глигорова,  и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.

-Длабока почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1, на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата Татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и  НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата, порача претседателот Венко Филипче.

Можете да прочитате

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес