Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од тетовско, барано по централна потерница

1706444209 unnamed file.webp.webp

На 03.07.2024 година во 18.00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле В.С.(28) од тетовско Стримница.
Тој бил баран со централна потерница за издржување на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.
В.С. е  предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Можете да прочитате

Филипче за протестот на ДУИ: Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар!

Спасовски: Апсолутна невистина е дека во 2021 се донесла одлука за градење бегалски камп – тоа требаше да биде Центарот за странци

Пијан радовишанец предизвика сообраќајка – 24info.mk