Утрински Весник
Македонија

Стојаноски нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Screenshot 20240703 201918 Messenger.jpg

Со одлука на Управниот одбор, Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нов директор. По оставката на Томислав Тунтев на оваа позиција е назначен Драги Стојаноски.

Според биографијата, Стојаноски има долгогодишно работно искуство во овој сектор. Тој дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а прв контакт со воздухопловство го имал на 18 години кога започнал обука за пилот на параглајдер, а потоа се стекнал со дозволи за пилот на едрилица, дозвола за пилот на Ултралесни авиони со стекнати овластувања за инструктор и испитувач на Ултралесни авиони, како и професионална дозвола за пилот на авиони со овластувања за летања во интрументални услови на повеќемоторни авиони.

Стојаноски во 2007 до 2010 година е воздухопловен инспектор во одделението за летачки операции во Агенцијата за Цивилно воздухопловство. од 2010 до 2019 година покрај раководните позиции во АЦВ, ја извршува и функцијата Претседател на Управниот одбор на АЦВ, а во 2011 година е назначен за Национален координатор за стандардизација и соработка со EASA.

Во период од 2011 до 2015 година е раководител на секторот за воздухопловна сигурност, а веднаш потоа во август 2015тата година е унапреден во раководител на секторот за безбедност на летачки операции и воздухопловна навигација. Во период од 2019тата година до 30 мај ја врши функцијата раководител на секторот за воздушен сообраќај. А од 30 мај годинава е назначен за вршител на должност на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски покрај многуте завршени обуки во реномирани светски овластени центри од областа на воздухопловството во 2021 година се стекнал и со Диплома за управување со цивилното воздухопловство во еден од најпрестижните светски академии од областа на цивилното воздухопловство – Сингапурска авијација.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа