Утрински Весник
Свет

Петковиќ: Разговорите беа тешки, Приштина не е подготвена за нормализација на односите

20240703070047 Big 730x400 15.webp.webp

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, по трилатералната средба во Брисел од техничкиот дијалог на Белград и Приштина, изјави дека разговорите биле тешки и дека српската делегација инсистирала на формирање Заедница на српски општини (ЗСО) и за нормализирање на односите, но дека Бесник Бисљими одбил да разговара за нацртот за ЗСО, јави дописникот на МИА од Белград.

-На средбата со Лајчак инсистиравме на формирање Заедница на српски општини, но разговаравме и за исчезнатите лица и енергетиката, како и за деблокирање на српската стока која не може да влезе на територијата на Косово повеќе од една година.

Разговаравме и за мостот на Ибар, рече Петковиќ за РТС, по што следела средба на приштинската делегација со Лајчак, а потоа и трилатерална средба, односно директна средба на делегациите на Белград и Приштина.

Тој додаде дека на трипартитната средба, главниот приштински преговарач Бесник Бисљими рекол дека не го прифаќа договорот за официјални посети.

-Имаше бројни прашања за енергетиката, каде нашиот тим покажа како функционира Електросевер и прашањето за ЗСО, каде разговаравме за патоказот како да продолжиме со нормализацијата преку конкретни чекори, изјави Петковиќ на РТС.

Тој кажа да на средбата истакнал дека Белград е подготвен да разговара за нацрт-статутот на ЕУ за ЗСО, иако има и статут на Управувачкиот тим и дека европскиот нацрт е добра основа, додека Бисљими одбил да разговара за нацрт-статутот на ЕУ.

-Нацрт-статутот е клучен за формирање на ЗСО и тоа е јасно дефинирано во договорот.

Тоа покажува дека тие не сакаат и нема да ја формираат ЗСО и дека политиката на Курти е протерување на Србите, изјави Петковиќ.

Можете да прочитате

Лидерите на НАТО се собираат на тридневен Самит во Вашингтон

Бајден се соочува со клучна недела во борбата за неговата кандидатура за реизбор

Во Франција левичарската коалиција најмногу мандати, Националниот собир на трето место