Утрински Весник
Македонија

На Табановце утринава се чека околу 20 минути

20240703071710 Big 730x400 84.webp.webp

На граничниот премин Табановце за влез во земјава утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија. 

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е воведн летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали – петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот. 

Можете да прочитате

(Фото) Судир на повеќе возила пред „Џевахир Мол“ во Аеродром

Почина новинарот и активист Рамуш Муарем – Цирко

Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога