Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Скопје, кој украл автомобил

Rjmet Apsenje 333811.jpg

Полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”. Имено, во периодот од 19.00 часот на 27.05 до 14.00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје.

По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Во сообраќајка кај Виница загина 65-годишен маж, а три лица се повредени

Филипче најави заеднички фронт: Формираме регионална Скопска иницијатива

Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало