Утрински Весник
Македонија

Таравари: Работиме на решение за компресорите во хируршките сали

20240701120453 Big 730x400 28.webp.webp

Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави денеска министерот за здраство Арбен Таравари, кој имаше средба со новинарите. 

Таравари, меѓу другото, на средбата со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа, но и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!