Утрински Весник
Македонија

Активни два пожара во струмичко и прилепско

Pozhar 2.webp.webp

На територија на државава активни се два пожара – едниот кај селото Доброшинци во општина Василево каде гори нискостеблеста шума и вегетација и над населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. 

Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Регионалниот ЦУК Струмица, соопштуваат дека е направена обиколка на теренот и е утврдено дека нема активно горење. Од 05 часот, Територијалната противпожарна единица од Струмица со четири возила и 16 пожарникари  се на терен и вршат догасување на местата што чадат.

– Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер, информираат од ЦУК.

Во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со четири возила и 20 пожарникари, ТППЕ Радовиш со пет пожарникари и две возила и околу 25 полицајци, а беа активирани и двата хеликоптера на МВР. 

Активен е и пожарот зад населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. Активен е крак што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) кој се гаси во  утринските часови и не претставува опасност за населените места. Пожарот почнал од пожар на патничко моторно возило. 

Утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.

Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен. 

Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено.

Можете да прочитате

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Филипче: Мицкоски со партиски протести сака да се бори против, наводно, паритизирано судство