Утрински Весник
Балкан

Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани

20240629135818 Big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според пописните резултати во однос на религиската припадност  во Албанија, од  2.402.113 жители регистрирани во земјата, 1.101.718 жители изјавиле дека припаѓаат на муслиманска вероисповед.

Христијани се  384.833, од нив 201.530  припаѓаат на католичката, 173.645  на православната вера, додека  9.658 лица се изјасниле за евангелистички христијани.

На бектешката заедница припаѓаат 115.644 лица, додека со други верски убедувања се 3.670 лица.

– Податоците исто така покажуваат дека 332.155 лица не го навеле своето религиозно убедување, а други 85.311 се изјасниле како атеисти.

Опцијата „Преферирам да не одговарам“ ја избрале 244.331 лице, додека за 134.451 лице нема информации, објави државната агенција АТА. 

Можете да прочитате

Во Албанија минималната плата ќе изнесува 510 евра

За парламентарниот изборен процес во Косово ангажирани 100 обвинители

Косово гласа во недела: Вонредни парламентарни избори во услови на поделено општество