Утрински Весник
Свет

Украински дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

20240628100102 Big 730x400 84.webp.webp

Напад од украинско беспилотно летало предизвика пожар во складиште за нафта во Русија, на неколку стотици километри од границата со Украина, изјави утринава регионалниот гувернер Максим Јегоров, јави Бета.

-Во областа Мичурински во регионот Тамбов, регистриран е лет со дрон до складиште за нафта, рече гувернерот на Телеграм.

Тој додаде дека тогаш избувнал помал пожар кој бил локализиран.

Руското Министерство за одбрана не го потврди нападот на енергетската инфраструктура, но соопшти дека руската армија во текот на ноќта пресретнала 25 украински беспилотни летала.

Можете да прочитате

„Гугл“ научи ромски јазик – 24info.mk

Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина

Марин Ле Пен: Нема да формираме влада без апсолутно мнозинство