Утрински Весник
Македонија

Променливо и посвежо и утре, додека за време на викендот ни следува краткотрајна стабилизација на времето и значително повисоки температури

Meteoalarm.mk 1.webp.webp

Почитувани мои, променливо, но посвежо време ќе имаме  и утре. Ќе има  и локална појава на повремен пороен дожд и грмежи, но сепак условите за силно невреме за среќа позначително ќе се намалат. Услови за повремен пороен дожд и поретки грмежи ќе има  и во Скопје. Што се однесува до температурите тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 30 степени.

За време на викендот во Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, што значи не очекува сончев и топол викенд со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.

Од почетокот на следната седмица не очекува нова позначителна дестабилизација на времето и ново невреме, како и позначително опаѓање на температурите.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот