Утрински Весник
Свет

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах

20240627081333 Big 730x400 38.webp.webp

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах.

Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.

Галант, исто така, им рече на новинарите дека разговарал со високи американски претставници за „повоениот“ нацрт-предлог за тоа како да се управува со Појасот Газа по завршувањето на израелскиот конфликт со радикалната палестинска група Хамас што ја контролира енклавата.

Според разгледуваната опција, управувањето со крајбрежната територија би вклучувало локални Палестинци, регионални партнери и САД, но тоа би бил „долг и комплициран процес“, објасни израелскиот министер за одбрана.

Можете да прочитате

Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ

Израел нареди евакуација на Палестинциите од Јан Кунис, па ги нападна градот и околината

Јерликаја: Во Кајзери уапсени 67 лица по насилните немири