Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети

2 2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.
„Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава”, рече министерот Тошковски.

„Миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите.

Можете да прочитате

Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм

Кузеска: Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2″ и го врати криминалниот имот

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир 2:  Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ