Утрински Весник
Македонија

Петровска: Со единство ќе го вратиме СДСМ на победничките патеки 

Ec076a25 Bc50 4c44 Abb6 F0c93172b344.jpg

Денеска пред членовите на СДСМ од Велес кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска ги претстави клучните приоритети од програмата „Манифест за социјалдемократијата”.

 ,,СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство.

 Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници. 

Ако заедно работиме ако се слушаме еден со друг, ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата” порача Петровска.  

Изборите за нов претседател на СДСМ де закажани за в недела 30 јуни.

Можете да прочитате

Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело