Утрински Весник
Скопје

(Фото) Забрзано се поставуваат камери, еве кои сообраќајни прекршоци ќе се казнуваат

Se Fsiti.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Скопје интензивно се поставуваат камери на најфреквентните крстосници, улици и булевари со кои МВР ќе лови сообраќајни прекршоци.

Вчера доцна попладне такви камери се поставуваа на улицата Васил Чакаларов, која ја поврзува населбата Тафталиџе со населбите Влае и Ѓорче Петров.

Станува збор за надградување на проектот „Безбеден град“ кој има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. 

За ова да профункционира потребни ќе бидат законски измени, но она што досега е познато е дека  во иднина со овие камери ќе се казнува за брзо возење и поминување на црвено, а се прават напори и модел да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување и непрописно паркирање на коловозните ленти.

Покрај Скопје ваков модел треба да се инсталира и во Тетово и Куманово, но и на одредени делници од автопатот Скопје – Гевгелија. 

Инаку, овој проект имаш своја проба пред неколку денови кога за само два часа тестирање на системот биле забележани околу 5.000 сообраќајни прекршоци.

Можете да прочитате

Град Скопје најавува интензивирано чистење и тендер за одгаснување на Вардариште

Каролина, Тамара, Куку Леле и Пајак – Скопје ја пречекува 2026 со богата програма

Општина Кисела Вода израдува 7.000 деца со новогодишни пакетчиња